• Sun. May 19th, 2024

Дојран домаќин на Државното првенство во триатлон

Дојран викендов беше домаќин на првото Домашшно Триатлон првенство годинава. Над 150 учесници во повеќе категории, млади, јуниори, сениори и рекреативци беа дел од натпореварите во пливање, возење велосипед и трчање, за да се освојат место на пиедесталот.

Тие велат дека и организацијата и самиот натпревар биле на врвно ниво.

За дел од победничките во женска категорија ова бил прв триатлон покрај нивниот матичен спорт. Затоа и емоциите и возбудата беа очигледни.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски вели дека е презадоволен од организацијата, постугнувањето на Триатлон федерацијата и локаланта власт.

Од Општината очекуваат Дојран да се развие како спортски центар домаќин и на Европско првенство.

Натпреварот беше во организација на Триатлон Федерација Македонија и Општина Дојран, а како помагатели се јавуваат Агенцијaта за млади и спорт и Македонскиот Олимписки комитет.

Трките беа организирани во два дена во зависност од возрасните категории.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *