• Tue. May 21st, 2024

До вчера 11.788 гласачи се провериле во избирачкиот список

До вчера 11.788 гласачи се провериле во избирачкиот список. Државната изборна комисија известува дека тече постапката за јавен увид во Избирачкиот список. Истата ќе трае до 9 септември 2021 година.

Заклучно со вчерашниот ден (3 септември) вкупно 11.788 лица се провериле во избирачкиот список. Поднесени се вкупно 46 барања за запишување во избирачкиот список, 28 барања за бришење на податоците и 22 барања за измена на податоците.

Исто така, до Државната изборна комисија, на електронската пошта upisis@sec.mk се поднесени вкупно 36 барања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *