• Sat. May 18th, 2024

Десет години од пожарот во кој загинаа четири лица на Еленица

Денеска се одбележува десетгодишнината од стравичниот пожар над Струмица. Пожарот во 2012 година ја зафати боровата шума на планината Еленица која е сместена веднаш над градот Струмица.
Причината за пожарот беше човечки фактор, а истиот бил подметнат во периодот помеѓу 11 и 12 часот на 23 јули 2012 година.


Во пожарот загинаа двајца спасители, вработени во ЈП „Македонски шуми“ и двајца цивили кои доброволно се вклучија во гаснењето на пожарот.

Повредени беа и десетина лица од кои седум деца.

По повод загинувањето на двајцата волонтери и двајцата спасители, во Општина Струмица на 25 јули 2012 година беше прогласен ден на жалост. Исто така, во чест на загинатите на главниот булевар во центарот на градот е изграден споменик од страна на општината, а во близина на местото каде што загинале од страна на фамилиите на загинатите е подигната мала црква-спомен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *