• Sat. May 18th, 2024

Ден на компирот во Ново Село-забавна манифестација во чест на оваа култура

Напуштените селски ниви треба повтроно да се изораат и да се насеат. Плодното поле во иселените села во околината на Ново Село се идеални за градинарски култури, особено компирот. Во чистата природа каде веќе нема многу жители, тој дава солидни приноси и одличен квалитет. Земјоделците од овој крај велат дека некогаш имало насади со компир до негодлег, а сега пуста земја.

Со цел да се поттикне локалното население да го сади компирот, општина Ново Село организираше манифестација на која се приготвуваа бројни специјалитет од компир. Градоначалникот Божинов вели дека мора да се стимулираат граѓаните да ги обработуваат нивите, а настанот е само можност да се види годинешното производство и да се дружат локалните жители.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *