• Sat. May 25th, 2024

Coca Cola караван и хорот од музичкото училиште „Боро Џони“ на новогодишниот базар во Струмица

ByЃ. K.

Dec 29, 2023

На 29 декември струмичани го пречекуваат караванот на Coca Cola. Од 10 до 22 часот на 29 и 30 декември, Coca Cola караванот носи игри, вкусна храна и персонализирани подароци директно од Дедо Мраз.

За време на дружењето, посетителите можат да му пишуваат писма на Дедо Мраз, да си направат селфи со него, да подарат персонализирано шише Coca-Cola на своите најблиски и да си изработат вистинска новогодишна разгледница. Караванот носи и многу други активности.

Од 16:00 часот, забавата на плоштадот Гоце Делчев ќе одекне со хармоничните гласови на хорот од музичкото училиште „Боро Џони“ кој ќе ги запее нашите омилени божиќни песни.

By Ѓ. K.