• Mon. May 27th, 2024

Честитки и признанија за јубилејот на Народната банка

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, потпретседателката на Светска банка, Ана Бјерде, генералниот менаџер на Банката за меѓународни порамнувања, Агустин Карстенс, како и голем број на гувернери на централни банки од Европа и го честитаа јубилејот 30 години од осамостојување на Народната банка.

На Фејсбук профилот и јубилејната веб-страна на Народната банка – 30godini.nbrm.mk, објавени се пораките од повеќе звучни имиња во меѓународните финансии, кои оддаваат признание за досегашната соработка со Народната банка.

– Честитки до Народната банка на Република Северна Македонија за овој важен јубилеј ‒ вашата 30-годишнина, како и на тоа дека останавте сидро на стабилноста на Северна Македонија – напишала првата жена на ММФ, Георгиева.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *