• Fri. May 24th, 2024

Честитка од градоначалникот Костадинов по повод Светскиот ден на учителот

-Кога велиме дека децата се нашата иднина тогаш мора сите да знаеме дека градители
на патот кон таа иднина се учителите. Наставниците се тие кои, преку образовниот
процес и воспитувањето, од децата прават луѓе, оние луѓе кои ќе ја преземат
одговорноста за понатамошниот прогрес на заедницата, општеството и човештвото.

Има една мудрост која вели: „Просечниот учител раскажува. Добриот учител објаснува.
Квалитетниот учител демонстрира. Најдобриот инспирира“. Ако е тоа така, тогаш
нашиот заеднички стремеж треба да биде, да им овозможиме на наставниците да бидат
инспиративни во процесот на примопредавање на знаењата. Тоа ќе го постигнеме само
ако професијата-наставник ја издигнеме на највисокиот пиедестал. Наставниците тоа го
заслужуваат.

Со желба за успех во воспитно-образовната работа, на сите наставници од општина
Струмица им го честитам 5 Октомври – Светскиот ден на учителот. Отсекогаш сум бил и
ќе останам на страната на наставниците, вели градоначалникот Костадинов во својата честитка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *