• Sun. May 19th, 2024

Цената на становите во Струмица зголемена за речиси 40%

Ако порано ви требаа 30.000 евра за да купите стан од 60 метри квадратни, сега ситуацијата не е таква. Оние што сакаат да обезбедат свој дом ќе мора да издвојат и за 40% повисока сум за да си купат нов дом.

Од пред пандемијата цената на метар кавдратен се движеше помеѓу 500 и 700 евра за метар квадратен. Сега, цените се од 700 до 900 евра за метар квадратен во зависност од локацијата, спецификите на зградите и слично. За драстичното зголемување на цените, пак, велат дека причина е зголемувањето на цените на репорматеријалите, но и на цената на работната рака.

Се намалува бројот на градежни работници, компаниите кубурат со работна сила, па се зголемува и цената на чинење на работната рака, како и на крајниот производ.

Не е познато дали ќе следува намалување на цените на становите, особено ако се има предвид наглото зголемување на цените и на транспортот поради горивото но и на електричната енергија што има свои импликации и во градежничкиот сектор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *