Регион

Бушотините за наводнување на струмичкото поле без контрола. Никој не знае колку точно бушотини има и колку вода се користи-

Кој го контролира користењето на вода од бушотини во струмичкото поле? Проценките се дека на секој хектор има најмалку два бунари кои се користат за наводнување, но, нема регистар колку бушотини има и колку вода од нив се троши.

Експертите велат дека без изградени хидросистеми за наводнување, нема рационално користење на водните ресурси. Освен што е потребно проширување на мрежата на хидросистемот на Струмичко поле, потребно е и негово осовременување, бидејќи постојниот е стар пет децении. Поради тоа, загубите на вода од него се огромни, најмалку 6 милиони литри кубни вода годишно се губат во дотраениот отворен систем за наводнување.

„Со овој прилог, ТВ Вис се приклучува кон кампањата „Разбистри сѐ“, што ја спроведува Институтот за комуникациски студии и е финансирана од Британската амбасада во Скопје.“

Препорачуваме:

ТППЕ Радовиш доби донација – техничка опрема од НАТО контингентот преку Американската амбасада

Ѓ. K.

Во училиштата во струмичко- радовишкиот регион едни штрајкуваат други не

Ване Трајков

27 диви депонии исчистени во текот на 2020