• Wed. May 15th, 2024

Бугарски полицаец убиен во престрелка со мигранти на границата со Турција

Бугарски граничен полицаец е убиен на границата со турција во престрелка што избила со мигрантите кои се обиделе на илегален начин да ја поминат границата, изјави министерот за внатрешни работи на Бугарија.

Министерот Иван Демерџиев рече дека неидентификувано лице пукало кон полицијаците и војниците кои патролирале на границата во близина на селото Голем Дервент. Полицаецот починал на лице место, додека останатите не се повредени.

На местото на пукањето се пратени и дополнителни патроли, но, напаѓачот не е фатен. Се верува дека е на територијата на Турција.

Напливот на мигранти не е намален и на територија на Македонија, иако во последните месеци не се забележани инциденти при нивно фаќање во обид нелегално да ја поминат границата и државата. најголем дел од криумчарите на мигранти во државата се македонски државјани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *