• Sat. May 18th, 2024

Бугарската компанија ја прекинува вакцинацијата на македонски државјани на граница

По месец и половина откако ја започна вакцинацијата на граѓани на границата со Северна Македонија, бугарската компанија „Комак медикал“ ја прекинува работата на 31 јули, потврдил за МИА сопственикот на фирмата и лекар Милен Врабевски.

Причина за одлуката, според Врабевски, е што државава обезбедила вакцини за граѓаните во различни градови во земјата. Досега сите што се вакцинирале со една доза ќе можат втората да ја примат до 31 јули.

Вакциналните пунктови на бугарската медицинска компанија работат во реонот на граничните пунктови Станке Лисичково-Делчево и Златарево-Ново село, меѓу двете држави и граѓаните што сакаа да се вакцинираат немаа потреба од ПЦР-тестови за влез во Бугарија. Единствено требаа претходно да закажат термин за вакцинација.

Според информации од компанијата, досега 3 200 граѓани од земјава биле вакцинирани на бугарската граница и ним им биле издадени сертификати за вакцинација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *