• Thu. May 16th, 2024

Бугарите соопштија дека автобусот на Беса Транс бил стар и „рециклиран“ во Турција

Утврдена е причината за пожарот во автобусот на Беса Транс. 

Ова за БТВ го кажа бугарскиот обвинител Бисер Михаилов и истражителот Маријан Маринов, кои работат на истрагата за автобуската несреќа. Маринов одби да ја открие  причината за пожарот и рече дека тоа ќе го препушти на експертите. 

Но, тој прокоментира дека големо парче од заштитната ограда е „нанижано“  на автобусот од гумата до влезната врата, која е свиткана како хармоника и резервоарот е уништен.

Истражителот додаде дека автобусот бил стар и „рециклиран“ во Турција, при што целата опрема е сменета и останува да се види дали новата е „нефабричка“.  Во автобусот немало експлозив, категоричен е Михаилов повикувајќи се на проверката на остатоците од автобусот. Нема податоци за туби со бензин, а теориите дека имало  „материјали за производство на дрога“ според него не заслужуваат ни коментар.

Истражителот Маринов истакна дека има цевки со нафта за напојување на системот за греење во автобусот, но останале незафатени од пожарот. 

Во несреќата загинаа 45 луѓе. Нивните тела утре ќе бидат пренесени во земјава. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *