• Mon. May 13th, 2024

Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година изнесува околу 8,6 милиони евра

  Советот на Општина Гевгелија, на вчерашната 21. седница, со мнозинство гласови го усвои Буџетот на Општина Гевгелија за 2023 година. Вкупниот Буџет на Општина Гевгелија за идната година е проектиран на 533.802.801 денар, а Основниот буџет на 242.818.917 денари. Капиталните приходи во Основниот буџет учествуваат со 11,38% или 27.650.000 денари. Покрај приходите на Основниот буџет, во структурата на вкупниот буџет се приходите на дотации во износ од 267.862.000 денари, на донации од 4.312.020 денари и на приходите на самофинансирачките активности во износ од 18.809.864 денари. За капитални расходи во Основниот буџет се предвидени 77.922.360 денари или 32,10%.
             -За нас, како локална самоуправа, е најважна реализацијата на Основниот буџет и верувам дека во наредната година ќе имаме висок процент на реализација, надевајќи се дека ќе се стабилизира ситуацијата со енегретската и финансиската криза. На донесувањето на Буџетот на Општина Гевгелија, му претходеше јавна расправа, во која учествуваа месните заедници со сопствени предлози, како и граѓаните на општина Гевгелија, на отворените денови и преку електронската анкета. При конечното утврдување на буџетската рамка за идната година, земени се предвид и евидентираните предлози на граѓаните, со кои имав континуирани средби во изминатиот период, истакна градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, во расправата по Предлог-Буџетот за 2023 година. Притоа, ги најави планираните проекти за реализација, согласно потребите на граѓаните, а со средства од Буџетот и средства од грантови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *