• Mon. May 20th, 2024

Билтен СВР Струмица- фатени мигранти, крадци

На 08.12.2021 околу 16.00 часот во село Банско, струмичко, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица пронашле 6 лица мигранти, од кои 5 полнолетни лица на возраст помеѓу 20 и 50 години и еден малолетник, сите од Сирија. Мигрантите биле предадени во Прифатен транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка.

На 08.12.2021 во 14.00 часот во село Куклиш, струмичко, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Г.П.(25) од село Ангелци, струмичко. Тој се сомничи дека извршил три кривични дела „тешка кражба на дрзок начин“ и едно кривично дело „кражба“ на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица. За настанот бил известен Јавен обвинител, а по документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На  08.12.2021 во 10.30 часот, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода М.Ј.(31) од с.Смолари, општина Ново Село. Тој се сомничи дека на 07.12.2021 околу 20.00 часот одзел пари од куќата на З.М.(56) од с.Смолари. Парите биле пронајдени и вратени на сопственикот, а М.Ј. бил приведен во полициска станица.  По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.  

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *