• Tue. May 14th, 2024

Бектеши: Во наредните денови се очекува намалување на цените на основните прехранбени производи

Во наредните десет дена очекуваме намалување на цените на основните прехранбени производи, посебно на тие наведени во Одлуката за утврдување на маржите од 5 до 12 отсто. И во делот на лебот веќе почна поевтинувањето. Очекуваме во наредните 3-4 дена намалување на цените на млекото и млечните производи, а до крајот на наредната недела и намалување на цените на месните производи, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Како што изјави Бектеши по брифингот со новинарите, од 1 декември се очекуваат и поголеми поевтинувања, ако суровините останат со истите увозни цени.

-Утре ќе се донесе дополнителна одлука со која ќе се прошири списокот на дејностите кои ќе бидат поддржани од Владата согласно барањата на Стопанската комора и целиот ланец на месната индустрија ќе биде покриен со субвенционирана електрична енргија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *