Автор: Даниел Ѓоргиев

Тв Канал Вис доделува 4 VIP влезници за своите фанови на фејсбук

Тв Канал Вис доделува 4 VIP влезници за престојниот концерт на групата Љубојна кој ќе се одржи во Штип на 21.07.2016 во 21,30 часот во кафе Канал77. Тв Канал Вис, влезниците ќе ги додели на своите фанови кои ќе објават најинтересна фотографија или видео на фејсбук страната на Канал Вис и ќе добијат најмногу лајкови. Не губете време, споделете слика или видео од вас или вашето друштво, смешни фотографии, случки и бидете дел од концертот на Љубојна. Сподели:TweetLike this:Ми се допаѓа...

Read More

Второто прскање против комарци ќе се изврши на 22 јули

Согласно договорот за авионско прскање против комарци и утврдената динамика, второто прскање ќе се изврши на 22.07.2016 година во периодот од 4,30 до 9,30 часот. Доколку, временските услови не го дозволат тоа, прскањето ќе се изврши наредниот ден на 23.07.2016 година. Се известуваат граѓаните кои имаат пчелни семејства да ги затворат во наведениот временски период. Првото авионско прскање против комарци во општина Струмица се спроведе на 11 јуни. Сподели:TweetLike this:Ми се допаѓа...

Read More

Директорите на ЈП за паркинзи на Гостивар, Центар и Куманово во работна посета на Струмица

Вработените во јавните претпријатија „Паркинзи на општина Центар” од Скопје со раководниот тим и директорот Саша Богдановиќ, на „Куманово Паркинг” од Куманово и директорот Фадиљ Шабани, на „Градски паркинг и зеленило” од Гостивар со директорот Меметали Емро и на „Паркиралишта Струмица“ со директорот Верица Узунова, денеска, остварија работна средба во домот на АРМ во Струмица. На средбата се дефинираа следните чекори во делувањето преку асоцијацијата чија иницијатива за формирање беше отпочната за прв пат во Скопје минатиот месец. Дополнително на состанокот беа дефинирани и работни групи на ниво на четирите јавни претпријатија со соодветни задолженија за понатамошното делување во...

Read More

Денес е св.апостол Павле-Павловден

Именден празнуваат: Павле, Пајо, Павлина… Следниот ден по Петровден 13 јули/ 30 јуни е празникот Собор на 12 Апостоли – Павловден. Бидејќи претходниот ден, иако е посветен на двајцата славни Господови апостоли, сепак се вика Петровден, овој ден е одреден да се слави споменот на Светиот апостол Павле – Павловден. На овој ден именден слават тие што го носат името Павле, Пајо, Павлина и сл. иако и претходниот ден може да се сретне празнување на овие имендени, затоа што претходниот ден се празнува споменот на двајцата апостоли. Павловден, жените го држат како празник повеќе од Петровден. Во некои места...

Read More

УСПЕСИТЕ НА НАШАТА ДРАГАНА КОСТОВА

Драгана Костова е ученичка во ООУ „Никола Вапцаров„ Таа се дружи со песната и со пијаното. Ученичка е во ООМУ „Боро Џони „ во Струмица.Нејзиното мото е:На што би личел светот без музика? Би личел на училиште без ученици,на градина без цвеќиња,на небо без сонце…Светот без песна би бил студен ,темен замок настанет со духови…Колку тажен тогаш светот би бил. Без песната, без музиката .без насмевката,без радоста,тажно ке е се. Драгана со учеството на „Неки нови клинци„ ја претстави Македонија во најдобро светло со својот ангелски глас.Немаше среќа да влезе во големото финале ,но сепак блесна со својата песна....

Read More

И жителите на Валандово се приклучија на протестите

Дождот не ги спречи жителите на Валандово синоќа да се приклучат на протестите против аболицијата на претседателот Ѓорги Иванов. Масовно, со пораки против аболицијата како и власта тие го изразија своето незадоволство. Сподели:TweetLike this:Ми се допаѓа...

Read More

Во ООУ „Герас Цунев“ од Просениково се одржа Отворен ден за родителите

Под мотото „Заедно за зелено училиште“, а согласно годишната програма за работа, во основното општинско училиште „Герас Цунев“ од Просениково се одржа Отворен ден за родителите. Наставниците и останатите вработени во училиштето заедно со учениците и нивните родители со заедничка дружба засадија повеќе видови садници, дрвца и цвеќе во училишниот двор и со тоа придонесоа за уредување на училишниот простор со цел истиот да стане уште попријатно катче за престој. Целта на реализирањето на вакви заеднички активности е зголемување на соработката на училиштето и родителите. Сподели:TweetLike this:Ми се допаѓа...

Read More

Општина Струмица во завршната фаза од Проектот на УСАИД за професионален и кариерен развој на наставниците

Во рамките на Проектот на УСАИД за професионален и кариерен развој на наставниците, во првата половина од 2015 година, во општина Струмица, како пилот општина, неколку училишта беа опфатени со активности за професионален и кариерен развој на наставниците. Наставниците подготвуваа личен план за професионален развој и електронско портфолио и преку одговарање на прашалник и учество во фокус групи дадоа придонес за подобрување на процедурите и инструментите. По завршувањето на оваа фаза од проектот, деновиве на сите училишта им беа доделени благодарници, а на наставниците потврди за учество во активното вклучување во проектните активности. На овој настан на присутните им...

Read More

Пристигна Благодатниот Оган од Ерусалим во Струмица

Рано утрово преку Бигорскиот манастир беше донесен Благодатниот оган од Ерусалим во црквата св.Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици. Струмичани ќе можат да си земат од Благодатниот оган во текот на оваа недела, поточно во таканаречената Светла седмица, секој ден од 07.00 до 20.00 часот, Христос Воскресна, Навистина Воскресна. Сподели:TweetLike this:Ми се допаѓа...

Read More

Вечерва во Отворено со Општината, гостин е Ѓорги Ристовски рак. на оделение за меѓународна соработка и Европски фондови

Вечерва со почеток во 20.30 минути во емисијата Отворено со Општината, гостин ќе биде Ѓорги Ристовки, раководител на оделение за меѓународна соработка и европски фондови. Ќе се зборува за целта и постоењето на оваа оделение како и неговата структура, за тековните и идните проекти на оваа оделение… Сподели:TweetLike this:Ми се допаѓа...

Read More
Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
%d bloggers like this: