Автор: Јулија Граматикова

Струмица е подготвена за трите музички вечери на Опен фестивалот

Струмица е подготвена за трите музички вечери на опен фестивалот. Денес завршуваат и последните активности- главната бина е поставена, повеќето шанкови наместени, а интензивно се работи и на останатите реквизите. На влезовите на градскиот плоштад ќе бидат поставени и хуманитарни пунктови, па посетителите ќе имаат можност да донираат за поплавените во Скопје и Тетово. Организаторите повикуваат на разбирање од страна на граѓаните, особено оние кои живеат во центарот на градот. Трите музички вечери од Струмица Опен фестивал ќе ги отворат Љубојна, Амадеус, Аца Лукас и Агушеви. Утревечер ќе настапат Архангел, Влатко Стефановски, Бјело Дугме, а последната вечер е резервирана...

Read More

Денес завршува струмичката ликовна колонија

После две недели напорна работа, денес и официјално завршува 53-та струмичка ликовна колонија. 20-мина уметници од земјава и странство изработија околу 50-тина нови дела, кои ќе останат вечна трајност во уметничката галерија. Еден од учесниците беше и Андријана Мациев од Скопје. По струка е графичар, но на струмичката ликовна колонија ќе се претстави и со акрил на платно. Ова е нејзино прво учество на колонијата, и голема чест и е што е дел од една ваква прекрасна манифестација. Мациев досега има повеќе самостојни и групни изложби. Учествува во колонии и други манифестации во и надвор од земјата. Добитник е...

Read More

„Караванот на слободата„ на ЦИВИЛ и УСАИД со концерт во Струмица

Преку влијанието на уметноста и културата да се разбуди граѓанската свест и учество во процесот на донесување одлуки на локално и национално ниво - ова е целта на „Караванот на слободата „ на ЦИВИЛ, кој денес и утре е во посета на Струмица и соседните општини. Освен големиот концерт закажан за утревечер кој ќе се одржи во Големиот градски парк, караванот ќе понуди и голем број на работилници, дебата, изложби, поетски читања. „Македонија со или без слобода„ е темата на утрешната дебата која е во склоп на „Караванот на слободата„ на ЦИВИЛ. Освен струмичани, на истата ќе присуствуваат и...

Read More

Струмичани и денес ја покажаа хуманоста. Донираат на поставениот пункт во Домот на АРМ

Струмичани и денес ја покажаа својата хуманост. Полни ќесиња и картонски кутии со потребните артикли-конзервирана храна, вода, средства за хигиена, пелени и храна за бебиња, пристигаат во Домот на АРМ во Струмица. Граѓаните доаѓаат да им помогнат на поплавените од Скопје и Тетово. -„Апелираме до граѓаните и правните субјекти, помошта да се состои од вода, конзервирана храна и средства за лична хигиена. Ги повикуваме граѓаните да донираат кој колку може со цел да им помогнеме на настраданите во поплавите„-рече Пецо Фончев од општина Струмица. Хуманитарниот пункт во Домот на АРМ ќе биде отворен до петок, во периодот од 8...

Read More

Голема хуманост и огромна донација од струмичани за поплавените во Скопје и Тетово

Голема хуманост и огромнии донации од струмичани за поплавените во Скопје и Тетово. Уште од синоќа на сцената на „Струмица опен фестивал „во големиот градски парк беше отворен хуманитарен пункт, каде граѓаните донираа облека, конзервирана храна, флаширана вода, средства за дезинфекција и лична хигиена. Акцијата продолжи и денеска, а ќе трае до 22 часот. Во меѓувреме и ОО на Црвен крст од Струмица организира хуманитарна акција. Од таму апелираат сите оние кои сакат да донираат тоа да го сторат до четврток најкасно до 18 часот. Сите артикли потоа ќе бидат транспортирани до складиштето на Црвениот крст во Скопје. Инаку...

Read More

Почна летната школа по гитара-учесниците се подготвуваат за концертот во понеделник

Од денес почнува летната школа по гитара. Учесниците масовно се подготвуваат за заедничкиот концерт кој ќе се одржи во понеделник во Амфитеатарот со почеток во 21 часот. Досега има пријавено 48 учесници, а за сите оние кои сакаат да бидат дел од овој концерт, пријавувањето трае до понеделник. Летната школа по гитара и годинава нуди добра забава и многу дружба. Покрај класичната, љубителите на овој инструмент ќе свират и македонски народни песни. Летната школа за гитара се одржува трета година по ред како дел од најмасовната манифестација во градот Струмица ОПЕН фестивал. Сподели:TweetLike this:Ми се допаѓа...

Read More

Учесниците од Србија и Германија импресионирани од струмичката ликовна колонија

Тодор Јовановски е еден од 20-мината учесници на струмичката ликовна колонија. Роден е во Тетово, а живее и работи во Белград, па годинава на негово големо задоволство, а по заслуга на своите другари и за прв пат учествува на оваа прекрасна манифестација. Вели дека гостувал на повеќе од 130 Меѓународни колониии, но струмичката според него е најдобра. Во моментов работи две слики на платно, а вели дека тој што ќе успее да нацрта женски лик е добар уметник. Армин Луц е уметник кој доаѓа од Германија. И ова е негово прво учество на струмичката колонија, а за своите слики...

Read More

Повеќе од 1400 лица се вработени во Струмица преку проектот „Македонија вработува„

Повеќе од 1400 лица се вработени во Струмица преку проектот „Македонија вработува„. Оваа бројка е регистрирана во Центарот за вработување во Струмица минатата година. Како што рече директорката Павлина Георѓиева, во тек е проектот „Македонија вработува-2“ , со што значително ќе се зголеми бројката на вработени лица во Струмица. Проектот „Македонија вработува овозможува вработување на невработени лица до 35 години, лица од 35 до 50 години кои повеќе од 10 години се без работа, лицата над 50 години, како и лица од ранливите категории на граѓани, приматели на социјална парична помош, самохраните родители, родителите на 3 или повеќе деца,...

Read More

Меѓународната струмичка ликовна колонија ќе биде збогатена со уште 50-тина нови дела

Меѓународната струмичка ликовна колонија и годинава ќе биде збогатена со нови различни дела. Во ателјето при Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица веќе почна работната атмосфера. Домашни и странски уметници ги презентираат своите замисли и идеи. На годинашната 53-та струмичка ликовна колонија учествуваат сликари, графичари и мозаичари, а ќе биде изработена и една скулптура. 20-мина уметници од Македонија, Полска, Русија, Германија, Бугарија, Србија и Италија се очекува да создадат околу 50-тина различни дела, со што ликовната колонија во Струмица ќе биде збогатена со над 2600 нови дела. 53-та Меѓународна струмичка ликовна колонија ќе заврши на 12 август, а...

Read More

Општина Конче ќе гради уште една Куќичка на дрво

Општина Конче ќе гради уште една куќичка на дрво. Во близина на старата наскоро ќе никне уште една куќичка, која ќе биде вистинска и привлечна атракција за туристите. Изградена на буково стебло со уникатен стил, прозорци и врати, љубителите на природа ќе имаат можност да ја изнајмуваат и оваа куќичка, која ќе ги нуди сите потребни услови за престој на посетителите. Општина Конче веќе го развива селскиот, планинскиот но и ловниот туризам. Сите оние што ќе ја посетат оваа општина, навистина ќе уживаат во убавините што ги нуди истата. Во меѓувреме, како што рече градоначалникот Благоја Јованов, се работи...

Read More
Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
%d bloggers like this: