Автор: Сузана Мицева

Од денеска ограничување за движење низ шумите

Од денеска до 15 август се ограничува движењето во шумите и шумските појаси. Заради превенција од пожари, Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство издаде забрана за движење во шумите во периодот од 7 до 15 часот. Ова ограничување важи за сите лица освен за оние кои имаат дозвола издадена од Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми, Македонски Шуми. Во ведена е и забрана за палење стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата. Движењето во шумите и шумските појаси е дозволено по истекот ан ограничувањето, односно од 17 часот попладне до 7 часот наутро, за одмор и рекреација...

Read More

Денеска температурите до 36 степени Целзиусови

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала облачност. Утринските температури ќе се движат од 10 до 18 степени, а дневните температури ќе бидат во интервал од 25 до 36 степени. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 34 степени. УВ индексот ќе биде 8. Од петок во попладневните часови ќе има појава на нестабилност со локален пороен дожд и грмежи, но и понатаму ќе биде доста топло. извор:makfax.com.mk Сподели:TweetLike this:Ми се допаѓа...

Read More

Финансиска полиција апелира да не се политизира акцијата во о.Струмица

Управата за финансиска полиција во рамките на своите надлежности утврдени со Законот за кривичната постапка и Законот за финансиската полиција, по допрен глас започна со обезбедување на целокупната документација за јавните набавки во општина Струмица за кои во јавноста веќе неколку дена се зборува дека се сомнителни и за кои постојат основи на сомневање дека се резултат на извршени кривични дела. Финансиската полиција за одземањето на оригиналната документација од повеќе тендери спроведени во рамите на општина Струмица, има обезбедено соодветна наредба од надлежниот суд согласно Законот за кривичната постапка, што значи дека не се точни иформациите во дел од...

Read More

Шилегов: Финансиска полиција да ги провери тендерите во сите општини во државата

Инегрално, пресот на Шилегов: Власта во заминување преку Финансиската полиција спроведува нарачана, одмаздувачка мисија во Струмица и Куманово, општини раководени од СДСМ. Цели 10 години овие општини се под постојани, интензивни контроли на бројните партизирани институции. Струмица и Куманово нема што да кријат. Постапките и јавните набавки се согласно законите. Бараме Финансиската полиција јавно да ги објави резултатите од спроведената контрола. ВМРО-ДПМНЕ ги злоупотребува институциите со намера да го сокрие криминалот во своите редови, на локално и централно ниво. Со ваквите постапки ВМРО-ДПМНЕ очајно се обидува пред јавноста да ги изедначи сите и да ги претстави како криминалци. Но...

Read More

Попладнево почнуваат протестите на Шарената револуција пред СЈО

Протестите на граѓаните од Шарената револуција, продолжуваат во понеделник во Скопје, од пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство, во 19 часот. Организаторите порачуваат: Правдата е под сериозна закана. Протестирам! Уставниот суд е под партиска опсада. Протестирам! Груевски и Иванов им се закануваат на граѓаните. Протестирам! Власта сака да преговара тајно. Протестирам! Власта не сака да се чуе мислењето на граѓаните. Протестирам! Протестирам со Шарена револуција денес (27 јуни), 19 часот, пред нашата тврдина - СЈО! Борбата за правда продолжува! Криминалот веќе нема да смее да проаѓа пред очите на граѓаните! Протестирам 80 денови со илјадници соборки и соборци! Заедно...

Read More

Јавна седница на Апелација за притворот на Талески

Во Апелациониот суд попладнево во 14 часот ќе се одржи јавна седница на којашто ќе се расправа по жалбата што ја поднесе одбраната на градоначалникот на Битола, Владимир Талески, за куќниот притвор којшто му го определи Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1. Седницата ќе се одржи на барање на одбраната на Талески. Талески од пред една седмица е во куќен притвор за случајот „Траснпортер“ по барање на Специјалното јавно обвинителство. За овој случај има вкупно 22 осомничени, а се товарат за малверзации со превозот на учениците. СЈО бараше притвор за Талески но судија му одреди мерки на претпазливост...

Read More

Хелсиншки комитет: Во транзитниот центар Винојуг претопло и нечисто

Транзитниот центар Винојуг во Гевгелија и понатаму има бегалци кои останаа тука по затворањето на балканската бегалска рута. До петти јуни, во центарот имало 141 бегалец а потоа тој број се намалил на 137, со оглед на тоа што неколку бегалци се преместени во Прифатниот центар за баратели на азил- Визбегово. Бегалците се жалат на високите температури во кампот. Клима уреди се поставени само во еден дел од контејнерите, т.е. куќарките во кампот, по приоритет каде што престојуваат мали деца. Во текот на изминатите денови секој од бегалците во центарот Винојуг добил и специјално израбтена картичка со бар код...

Read More

Проект во градинките:Имам право да знам што денес јадеше моето дете

Родителите ќе се запознаат со неделното мени во градинките, како и начинот на кој се чува и приготвува храната. Ова е проектот кој општина Струмица го спроведува во градинките, со цел да се информираат граѓаните, а особено родителите за исхраната на најмалите. Проектот треба да ги вклучи и родителите во подобрување на исхраната на децата, на тој начин заедно со персоналот би учествувале во концепирањето здрава и правилна исхрана за децата уште од најмала возраст. Струмица е прва општина во државата која спроведува проект од ваков тип , каде општината заедно со пошироката заедница работат на подобрување на квалитетот...

Read More

Со закон да се регулираат неделни откупни цени на зеленчукот

Земјоделците ќе имаат неделни загарантрани откупни цени доколку во собранието поминат измените на законот за земјоделство и рурален развој. Законот според директорот на инспекторатот за земјоделство, Цветан Трипуноски, е во владина процедура, а со новите измени, се очекува да се намалат манипулациите со откупната цена, што е еден од најголемите проблеми на производителите, кога во рок од еден ден цената се менува и по неколку пати. Трипуноски вели дека годинава извозот на домати и краставици е зголемен за 20% во однос на претхоната година, но почетната откупна цена на овие култури била многу помала од лани. Земјоделците велат дека...

Read More
Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
%d bloggers like this: