Жена спасена од пожар во Струмица
Жена ќе загинеше во пожар во семејна куќа во Струмица. Пожарот што изби попладнево на улицата Херој Карпош се претвори во вистинска драма на која сведочеа соседите но и екипи на противпожарната единица, откако сопственичката на куќата не сакаше да ја напушти. Пожарникарите едвај ја извлекоа жената од пламените јазици, бидејќи таа се опираше и сакаше да остане внатре. Пожарот избил нешто после 15 часот во приземјето на куќата и бргу се прошири и на катот. Две противпожарни возила го гасеа огнот, а се претпоставува дека жената била сама дома. Таа живее со сопругот, кој најверојатно бил излезен. Не...
Read More