• Wed. May 15th, 2024

Асфалтиранo централнo Василево

Asfalt centar Vasilevo

Заврши реконструкцијата на улицата од поштата до повеќенаменското игралиште во општинскиот центар Василево. Станува збор за проект финансиран од ИПА предпристапните фондови на ЕУ од програмата за подобрување на општинските услуги.

Улицата е во должина од приближно 300 метри. Истата е проширана на 5,5 метри а изградени се и тротоари како пешачки патеки од по метар и половина на двете страни. Поставени се канделабри како ново улично осветлување откако претходно беше инсталирана и канализација за прифаќање на атмосферските води.

Станува збор за улица која беше во лоша состојба и беше приоритет на граѓаните од општинскиот центар, која денеска беше целосно завршена со поставување нов асфалтен слој.

Вкупната вредност на проектот изнесува 63 илјади евра од кои околу 48 илјади евра се финансирани од ЕУ како грант од ИПА предпристапните фондови преку Проектот за подобрување на општинските услуги.

Како што информираше градоначалникот на Василево Марјан Јанев со реализацијата на овој проект полека се комплетира годишната програма за изградба на локални патишта и улици креирана според потребите на граѓаните.

Изминатиов период беа асфалтирани улици и во Сушево, Седларци, Пиперево, Василево а во Градашроци беа изградени улици со бехатон плочки.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *