• Sat. May 18th, 2024

Априлијада во Гевгелија – маскирани дечињата го разубавија центарот на градот

Стотици гевгеличани излегоа да ги видат креативните маски на најмалите шегаџии. Во чест на празникот на шегата, Први април, децата од гевгелиските градинки и училишта се маскираа и дефилираа на градскиот плоштад. Градоначалникот Сарамандов го поздрави настанот и објави повеќе фотографии на својот фејсбук профил.

„Денес во една прекрасна атмосфера на градскиот плоштад во Гевгелија со многу дечиња го одбележавме Денот на шегата. Многу насмевки, детска радост и џагор беа дел од овој прекрасен настан.

Изразувам благодарност до сите кои беа дел од целата организација, како и просветните работници кои со својот ентузијазам работеа заедно со децата. Тоа се луѓето кои ги градат основните вредности во животот на нашите деца. Нека цела година биде исполнета со насмевки и забава, а на најмладите им посакувам успех во изборот за најдобрите маски,“ напиша Сарамандов.