• Mon. May 20th, 2024

Ангелоски: Големи можности за градежните компании и за развој на туризмот

Засилување на економската соработка меѓу деловните ентитети од нашата земја и од Белград со цел унапредување на економската соработка беше фокусот на средбата на Претседателот на Сојузот на стопански комори Трајан Ангелоски и заменик-претседателот на Собранието на Град Белград, Игор Јовановиќ која се реализираше вчера во рамки на посетата на Србија.

Со соседна Србија имаме традиционални економски и партнерски односи, кои се карактеризираат со високо ниво на заемна доверба и разбирање. Воспоставениот политички дијалог овозможува континуиран и постојан развој на билатералните односи и соработката.

„Овие средби се поттик за усогласување на економските политики во земјите кои припаѓаат на регионот за побрз развој, приспособување кон конкуренцијата на либерализираниот пазар и можност за усогласување на правната регулатива во земјите. Идентификуваме можности за зголемување на соработката во стопанството, инвестициите и туризмот. Исто така голем потенцијал има во реализација на заеднички проекти и инвестиции на сродни фирми од двете земји, како и унапредување и продлабочување на економската соработка меѓу дветe земји во рамките на иницијативите кои веќе постојат како „Отворен Балкан“, истакна Ангелоски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *