• Fri. May 17th, 2024

Ахмети очекува решение на спорот со Бугарија до крајот на месецот

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, очекува решение на спорот меѓу властите во Скопје и Софија до крајот на овој месец.

„Не сум во таборот на песимистите. Според мене, до крајот на овој месец ќе се најде решение за спорот со Бугарија. Крајот ќе биде во корист на мирот, стабилноста и иднината. Сега е време е да се најде решение, покажуваме храброст“, рече Ахмети.

Тој смета дека тоа е за доброто на Македонија, но и за Бугарија, која има интерес да има позитивна завршница.

„Во моментот францускиот претседател Макрон го поддржува овој процес. Верувам во иднината и поради таа причина верувам дека ќе има решение до крајот на јуни. Нашите сојузници и пријатели се сериозно ангажирани. Макрон ја презеде одговорноста за правење на Балканот побезбеден и мирен затоа што доволно е да се остават отворени прашањата и ако се одложи решавањето на проблемите, тоа ќ деоведе до избувнување секакви искри“, додава Ахмети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *