• Tue. May 14th, 2024

79 казни за брзо возење на Југоистокот, од нив 29 во Струмица

ByЃ. K.

Jan 2, 2024

На 01.01.2023 година на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена засилена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената.

Притоа, биле констатирани 75 прекршувања на брзината од кои 29 на подрачје на Струмица, 16 на подрачје на Гевгелија и по 15 на подрачјата на Радовиш и Валандово. Од нив 56 пречекорувања на брзината биле констатирани надвор од населено место, а 19 во населено место.

Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

By Ѓ. K.