• Sun. May 19th, 2024

78 казни за брзо возење на Југоистокот, 24 од нив во Струмица

ByЃ. K.

Mar 25, 2024

Вчера од 14.00 до 20.00 часот на подрачје на СВР Струмица била спроведена засилена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената.

Притоа биле констатирани 78 прекршувања на брзината, од кои по 24 на подрачјата на Струмица и Радовиш, 16 на подрачје на Гевгелија и 14 на подрачје на Валандово.

Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

By Ѓ. K.