• Tue. May 14th, 2024

72 пациенти се хоспитализирани од ковид-19 во струмичката болница

ByВане Трајков

Dec 22, 2020

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 664 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола е хоспитализиран 54 пациент позитивен и суспектен на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 55 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 39 пациенти, во Велес се лекуваат 29 болни, а во Куманово 88 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 70 пациенти, во Прилеп 82 во ковид центарот во Гостивар 45, а во Струга 36 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 72 пациенти, во Кочани 15 во Кичево 20, Кавадарци 39, во Гевгелија 15 лица, а во Дебар 5 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1145 и има околу 290 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите
болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *