• Tue. May 14th, 2024

71 казна за пречекорувања на брзината во Југоистокот, 14 од нив во Струмица

ByЃ. K.

Feb 5, 2024

На 4.2.2024 во периодот од 13.00 до 19.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената.

Притоа, биле констатирани 71 пречекорувања на брзината, од кои 33 на подрачје на Радовиш, 16 на подрачје на Гевгелија, 14 на подрачје на Струмица и 8 на подрачје на Валандово. Од нив, 53 пречекорувања на брзината биле констатирани надвор од населено место, а 18 во населено место.

Сите констатирани прекршоци биле соодветно санкционирани.

By Ѓ. K.