• Sun. May 19th, 2024

66-годишник со „опел“ удрил во ограда од мост во Радовиш

ByЃ. K.

Nov 18, 2023

На 17.11.2023 во 17.30 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на регионален пат Радовиш-село Ораовица, на место викано „Рудина“, И.Ѓ.(66) од село Јаргулица, радовишко, управувајќи патничко возило „опел“ со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во ограда од мост.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Здравствен дом Радовиш. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Радовиш.

By Ѓ. K.