• Sat. May 18th, 2024

5804 струмичани поднеле годишна даночна пријава заклучно со 22 февруари

ByDimitar Micev

Feb 26, 2018

5804 струмичани заклучно со 22 февруари имаат поднесено годишни даночни пријави. Според податоците на Управата за јавни приходи, бројот на поднесени годишни даночни пријави се очекува да достигне повеќе од 40.000, што значи дека остануваат уште 34.196 пријави за поднесување. Иако има повеќе од две недели за запазување на законскиот рок, од Управата потсетуваат навремено да се пријават дополнителните приходи остварени во текот на претходната година. Доколку даночниот обврзник не поднесе даночна пријава до 15 март 2018 година, ќе му биде изречена глоба за сторен прекршок. За ненавремено поднесување, односно неподнесување пријава и за нецелосно пријавени приходи глобата се движи од 100 до 200 евра во денарска противвредност.

ГДП може да се достави на шалтерите на УЈП, електронски или по пошта. Граѓаните имаат обврска да пријават годишна даночна пријава, по повеќе основи:

  • Лични примања
  • Приходи од земјоделска дејност – ако граѓанинот остварува приходи и од други извори.
  • Приходи од самостојна дејност – ако граѓанинот остварува приходи и од други извори.
  • Приходи од имот и имотни права – приходите што обврзникот ги остварува од издавање под закуп или подзакуп на земјиште, станбени или деловни простории, гаражи, простории за одмор и рекреација, опрема, превозни средства и други видови имот.
  • Приходи од авторски права и права од индустриска сопственост – вајарски дела, таписерии, керамопластика, уметничка керамика и витраж, уметничка фотографија, ѕидно сликарство и сликарство во простор во техника, фреска, графика, мозаик, интарзија, емајл, интарзирани и емајлирани предмети, костимографија, модно креаторство и уметничка обработка на текстил, сликарски дела, графички дела, индустриско обликување со изработување на модели и макети, ситна пластика, уметнички решенија за сценографија, научни, стручни и публицистички дела, преведување на дела од книжевноста, музички и кинематографски дела и реставраторски и конзерваторски дела во областа на културата и уметноста, изведување уметнички дела во областа на сериозната музика, балетот, операта и театарското и филмското актерство, за рецитирање, снимање филмови и идејни скици за таписерија и костимографија, преводи (освен преводи на книжевни дела), предавања и слични интелектуални творби, изведување на естрадни програми на забавна и народна музика и други авторски дела и дела од индустриска сопственост, кои не се претходно наведени.
  • Приходи од капитал – дивиденди и другите приходи остварени со учество во добивката кај правните и физичките лица, каматитe по заеми дадени на физички и правни лица и камати по обврзници или други хартии од вредност.
  • Капитални добивки – од продажба на учество во капиталот и недвижен имот.
  • Добивки од игри на среќа – приходи што се остварени во пари, предмети или права, освен добивки од посебните игри на среќа.
  • Други приходи – сите други приходи кои се исплатени, а не се набројани во точките 1 до 8 од оваа Јавна покана, ниту се ослободени од обврската за оданочување согласно член 6 од Законот за персоналниот данок на доход, како и приходите остварени со стекнување на хартии од вредност и учество во капиталот без надоместок, доколку истите не се оданочени согласно Законот за даноци на имот.

Даночниот обврзник не поднесува годишна даночна пријава доколку остварува приход само од плата, пензија, земјоделска дејност и самостојна дејност.

Во согласност со измените на Законот за персонален данок на доход, од јануари годинава се воведува нова процедура за пресметување и плаќање на обврските за персонален данок на доход, односно пресметувањето на данокот ќе се врши со поднесување на Електронска пресметка за приход и данок (е-ППД) до Управата за јавни приходи, преку новиот систем е-персонален данок.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *