• Mon. May 20th, 2024

54 проценти од граѓаните над 40-годишна возраст примиле две дози вакцина

Во текот на вчерашниот ден дадени се вкупно 4.797 дози вакцини, од кои 734 прва доза, 876 втора, а 3.187 граѓани примиле трета доза вакцина, информира Министерството за здравство.

Заклучно со вчера вкупно се вакцинирани 804.151 граѓанин, со втора доза 774.464, а трета доза примиле 27.298 граѓани. 54 % од граѓаните над 40-годишна возраст примиле две дози, а 33 % од популацијата од 18 до 39 години барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 57 %, а со две дози опфатени се 46 % од граѓаните над 18 години.

Според бројот на дадени вакцини, 38 % од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 % од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *