• Tue. May 14th, 2024

44 казни за брзо возење во Југоистокот, од нив 23 во Струмица

ByЃ. K.

Dec 8, 2023

На 07.12.2023 во периодот од 14.00 до 19.00 часот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена зајакната контрола над возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената.

Притоа, биле констатирани 44 прекршувања на брзината, од кои 23 на подрачје на Струмица, 9 на подрачје на Радовиш, 8 на подрачје на Валандово и 4 на подрачје на Гевгелија. Во акцијата биле констатирани и 9 останати прекршоци. Сите прекршоци биле соодветно санкционирани.

By Ѓ. K.