• Tue. May 14th, 2024

4 гевгеличани го прекршиле последниот полицискиот час а полицијата за претходните вечери поднесе пријави против 36 лица

За време на последниот полициски час конкретно ноќта на 02/03.04.2020 година на подрачјето на СВР Струмица четворица граѓани затекнати на подрачјето на Полициска станица Гевгелија ја прекршиле наредбата од страна Владата на РСМ и Министерството за здравство на РСМ за време на епидемија, односно ги прекршиле предвидените забрани за движење во определен период. Истите се приведени во Полициска станица Гевгелија.
Воедно, на 02.04.2020 година до надлежните обвинителства се поднесени 35 кривични пријави против 36 лица, кои во претходниот период ја прекршиле забраната за движење, од кои 26 пријави против 27 лица се поднесени до Основното јавно обвинителство Струмица и девет пријави против девет лица до Основното јавно обвинителство Гевгелија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *