• Sun. May 19th, 2024

35 тона сол и 25 тона ризла имаат на располагање, и според интензитетот на врнежите истите ќе бидат искористени

Со првата снежна покривка , утрово низ струмичките улици излегоа и екипите на ЈКП„Комуналец“.Спемни со сол и ризла но и возила за отстранување на снежната покривка од градските улици.Од Комуналец велат дека најпрво започнале со чистење на горниот дел од градот , потоа се расчистуваа и долните улици.

35 тона сол и 25 тона ризла имаат на располагање, и според интензитетот на врнежите истите ќе бидат искористени.

Сепак , на денешниот снег најмногу се радува најмалите кои уживаа во зимската рекреација, не обрнувајќи внимание на ниските температури.Најавите од УХМР велат дека снегот ќе продолжи во текот на целиот ден и ноќта , а снег ќе паѓа и во текот на утрешниот ден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *