• Mon. May 13th, 2024

328 нови наслови во Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија

ByЃ. K.

Feb 8, 2024

На полиците на Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија деновиве беа сместени вкупно 328 нови наслови, неодамна набавени во постапка, од десет македонски издавачки куќи: Македоника Литера, Македонска Реч, Култура, Просветно дело, Бегемот, Матица, Арс Ламина, Три, Феникс и Сакам книги.  

Станува збор за книги од различни жанровски определби, каде се вклучени современи бестселери, повеќе лектири за основно и средно образование, вклучувајќи дела од странски и македонски автори, но и книжевни класици – дела од Шекспир, Дикенс, Вајлд, Тургенев, Борхес, Стрингберг, Ибзен, Вулф, Орвел, Булгаков, Бекет, Шулц, Пелевин, Атвуд и други.

Годишната членарина во библиотеката за полнолетни лица изнесува 200, а за малолетни 150 денари и важи во текот на наредните 365 денови од денот на зачленувањето.

Цената за амортизација изнесува 10 денари по примерок.

Сите книги се достапни бесплатно во читалната на библиотеката, која работи од 07:00 до 20:00 часот секој работен ден од понеделник до петок и од 08:00 до 14:00 часот во сабота.

By Ѓ. K.