• Sun. May 19th, 2024

29-годишник од радовишко физички нападнал лице со здравствени проблеми

ByЃ. K.

Nov 29, 2023

Денеска (29.11.2023 година), Одделението за внатрешни работи Радовиш, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(29) од село Конче, општина Конче, поради постоење на сомнение за сторено кривично дело „насилство” по член 386 од Кривичниот закон.

Тој се сомничи дека на 26.11.2023 пред продажен објект во село Дедино, општина Конче, физички го нападнал И.Ј.(44) од село Дедино, лице со здравствени проблеми.

By Ѓ. K.