Регион

25 години Тв Канал Вис

На 11 Октомври, регионалната телевизија Тв канал Вис, Струмица, го одбележа својот јубилеј, 25 години опстојување во етерот. Една од првите формирани локални приватни телевизии во независна Македонија, роденденот го одбележа со коктел прослава на која присуствуваа деловни пријатели и соработници, актуелни и поранешни вработени, но и поранешните сопственици и менаџери.

Овој јубилеј е важен и за двајца вработени во телевизијата кои се со тимот на канал Вис од нејзините почетоци. Долгогодишниот главен и одговорен уредник, водител и новинар, Ѓорги Калајџиев и снимателот Танчо Коџабашиев. Тие добија признанија за својот ангажман и професионалната работа од колективот и менаџментот на телевизијата.

Награда и признание доби и новинарот и водител Ване Трајков, кој десетина години беше на чело на информативната редакција и под чие менторство се создаде цела нова генерација репортери во канал Вис.

Фотогалерија од прославата на годишнината може да погледнете на фејзбук фан страната на канал Вис.

 

Препорачуваме:

Утре во Струмица стартува еко акција пред новогодишните празници

Промовирана Монографијата „Прилози за историјата на Манастирот Вељуса“

Ѓ. K.

Управниот суд го поништи изборот на директор на Центарот за култура во Струмица