• Sun. May 19th, 2024

25 годишно момче од Струмица осомничено за убиство на својата баба

25 годишно момче од Струмица осомничено за убиството на 83 годишната жена. Струмичката полиција информира дека вчера го привела П.И. (25) од Струмица под сомнение дека ја убил 83 годишната жена со која бил во роднинаска врска.

Полицијата го сомничи дека на 20 јануари, откако побарал и не добил пари од М.Б.(83) од Струмица, со која бил во роднинска врска, ја нападнал, а од здобиените повреди таа починала. Потоа П.И. одзел пари и предмети од домот на жената, од кои дел биле пронајдени при претресот извршен по наредба на ОЈО Струмица.

П.И. е приведен во полициска станица и при службен разговор го признал делото, а од страна на СВР Струмица против лицето е поднесена  кривична пријава до ОЈО Струмица, изведено е пред  Основен суд Струмица и побарана е мерка притвор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *