• Mon. May 20th, 2024

218.159 регистрирани случаи со COVID-19 

ByDimitar Micev

Mar 19, 2020

Вкупниот број на регистрирани случаи со коронавирус во светот до денес изнесува 218.159, од кои фатално завршиле 8.937, а 84.383 се излечиле.

Во моментов се активни 124.839 случаи, од кои 117.917 се во добра состојба, а 6.922 се во критична состојба.

Кина сеуште е лидер во регистрирани случаи во светот до денес, 80.894 се регистрирани, од нив 3.237 се смртни случаи. Состојбата во Италија е загрижувачка, 35.317 регистрирани случаи од кои 2.987 се смртни случаи, а во последните 24 часа се регистрирани 4.207 заболени.

Во Иран се регистрирани 17.361, починале 1.135 а во последните 24 часа се регистрирани 1.192 заболени.

Загрижува ситуацијата во Шпанија и Германија и Франција, каде бројот на регистрирани случаи многукратно се зголемува. Во Шпанија до денес се регистрирани 14.769 заболени, од кои 638 се смртни случаи а во последните 24 часа се регистрирани 2.943 зазболени.

Во Германија од регистрирани 12.327 заболени, 28 се со смртни последици а во последните 24 часа се регистрирани 2.960 заболени, а во Франција од досега регистрирани 9.134 заболени, 264 се со смртна завршница а во последните 24 часа се регистрирани 1.404 лица со коронавирус.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *