• Tue. May 14th, 2024

21 ноември – Светски ден на телевизијата

ByЃ. K.

Nov 21, 2023

Со Резулуција од 1996 година, Генералното собрание на ООН го прогласи 21 ноември за Ден на телевизијата.

Денот на телевизијата е воспоставен поради фактот што телевизијата е главен инструмент во информирањето и влијанието на јавното мислење.

Зборот телевизија првпат беше употребен во 1900 година на меѓународен конгрес во Париз. За роденден на телевизијата се зема 25 април 1925 година, кога Британецот Џон Логи Берд ја направил првата демонстрација на пренос на подвижни слики.Првата аналогна телевизиска програма со висока дефиниција започна во 1936 година во Велика Британија.

Доаѓањето на далечински управувачи во 1980 година ги воодушеви љубителите на магичната кутија, кои дотогаш мораа да станат за да го сменат каналот. Најгледани емисии се глобалните настани, како што се Олимписките игри и Светското првенство во фудбал.

Првата телевизиска реклама беше емитувана на 1 јули 1941 година во Њујорк, а беше пласирана од компанија за часовници и траеше 20 секунди.Сапуницата која првпат ја виде светлината на телевизиските екрани е „Жена за паметење“, далечната 1974 година. Најдолгиот филм во светот според Гинисовата книга на рекорди е „Лек за несоница“, снимен во 1987 година, а трае вкупно 87 часа.

Најдолгото телевизиско интервју без прекини е прикажано во Шпанија, траеше дванаесет часа и 30 секунди, а на него учествуваа познати личности.

Денес, телевизијата, како претходник на сите последователни усовршувања на електронските медиуми и понатаму претставува важно средство за информирање за животот на планетата, за минатото, сегашноста и со поглед во иднината.

By Ѓ. K.