• Sat. May 18th, 2024

18 годишна гевгеличанка почина од ковид- 19

Осумнаесестгодишна гевгеличнака која била бремена во седми месец е меѓу 31 то лице починато од ковид-19 во последниве 24 часа, а регистрирани се 256 нови случаи од 2.778 тестирања, соопшти Министерството за здравство. Како што не информираше директорот на гевгелиската болница Димитар Крџев, жената била примена со тешка клиничка слика, имала тешко срцево заболување и страдала од редок генетски синдром ,, ellis van creveld’’.

Таа во гевгелиската болница била само 24 час, но заради развиената тешка клиничка слика и наглото паѓање на сатурацијата, веднаш била префрлена на скопските клиники каде починала.

Инаку за псоледните 24 часа починати се 9 лица од Скопје (86г, 78г, 75г, 71г, 70г, 65г, 59г, 56г и 46г), 6 лица од Гостивар (83г, 73г, 71г, 65г, 65г и 60г), по 3 лица од Тетово (68г, 67г и 62г), Куманово (84г, 78г и 72г) и Струмица (72г, 68г и 54г), 2 лица од Кичево (55г и 49г) и по едно од Битола (81г), Велес (76г), Гевгелија (18г), Дебар (62г) и Македонски Брод (38г). Од пријавените 27 се починати во болнички услови и 4 се починати во домашни услови.

Новозаразените се во Скопје – 160, Куманово – 32, Прилеп – 9, Охрид – 8, Кавадарци, Струмица и Струга – по 6, Битола и Ресен – по 5, Крива Паланка – 4, Велес – 3, Тетово, Гостивар и Кичево – по 2, Штип, Свети Николе, Дебар, Радовиш, Кратово и Македонски Брод – по 1.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *