Свет

Видео: 15 починати и 70 повредени откако се сруши надвозник на метро во Мексико Сити

Голема несреќа во главниот град на Мексико. 15 починати и 70 повредени откако се сруши надвозник на метро во Мексико Сити. Локалната телевизија покажа снимка на која се гледа како надвозникот паѓа врз автомобилите што се движат по улицата, пренесува Ројтерс.

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа како медицински тимови и пожарникари трагаат по преживеани во несреќата.

Градоначалничката на Мексико Сити, Клаудија Шинбаум, на Твитер напиша дека во несреќата загинале 15 лица и дека еден автомобил е заробен под урнатините.

Несреќата се случила на метро линијата број 12, која била изградена додека сегашниот министер за надворешни работи, Марсело Ебрард беше градоначалник на Мексико Сити.

„Она што се случи денес е ужасна трагедија. Мојата солидарност со жртвите и нивните семејства “, напиша Ебрард на Твитер.

Тој посочи дека мора да се испитаат причините за несреќата и да се утврди одговорноста, како и дека им е на располагање на властите за да им помогнат.

извор: Макфакс

Препорачуваме:

Авиокомпаниите најавуваат поскапи билети

Стојне Митева

Деблокиран мостот Амбасадор меѓу Канада и САД

СВЕТЗа првпат во историјата прогласена состојба на катастрофа во сите 50 американски држави

Сузана Мицева