• Mon. May 20th, 2024

146 години од раѓањето на Крсте П. Мисирков, човекот што ја направи првата стандардизација на македонскиот јазик

Д-р Крсте Петков Мисирков (ПостолЕгејска Македонија на 18 ноември 1874 – СофијаЦарство Бугарија на 26 јули 1926) — македонски филолог,[1] кодификатор на македонскиот литературен јазик и правописславистисторичаретнограф, аналитичар на национално-политичките проблеми, публицист, собирач и проучувач на македонското народно творештво. Тој е и автор на првата книга и првото списание на современ македонски јазик, основоположник и активен учесник во македонските научно-литературни и национално-политички друштва во БелградСанкт ПетербургОдеса и Софија, раководител на ТМОК и личност на македонскиот 20 век.[2]

Мисирков е автор на книгата „За македонцките работи“, списанието „Вардар“ и голем број на научни статии објавени во различни весници. Покрај авторската дејност тој се занимавал и со превод на литературни дела и собирање на народни творби.

На почетокот на XX век (1903 г.) е направена првата стандардизација на македонскиот писмен јазик од страна на К. Мисирков, така што може да се каже дека периодот од XVI до XX век. претставува претстандарден период на македонскиот писмен јазик, додека периодот од почетокот на XX век до денес, претставува стандарден период. Стандардизацијата на македонскиот писмен јазик е претставена во книгата на Крсте Мисирков, под наслов ,,За македонските работи” издадена во Софија во 1903 г. Ова е времето непосредно по Илинденското востание (2 август 1903 г.) што избувнува речиси низ цела Македонија. Тогаш во градот Крушево се формира Крушевската Република со што се означува почетокот на современата македонска државност. Книгата на Мисирков е составена од пет поглавја и во неа е предадена македонската национална програма. Тоа значи дека во овие пет поглавја се зборува за политичките, економските, културните и јазичните пресуслови за формирање на современата македонска нација. Едно поглавје му е посветено на создавањето на современиот македонски стандарден јазик. Мисирков се определува за следниве принципи во однос на јазикот:

  1. Дијалектната основа на СМСЈ се наоѓа во централните говори на западното наречје, а тоа се говорите на линијата Битола, Прилеп, Велес.
  2. Правописот на СМСЈ се темели врз фонетско-фонолошки принципи.
  3. Лексиката на СМСЈ треба да ги опфати сите македонски говори.

Мисирков смета дека постои подолг прекин помеѓу црсл. писмена традиција во Македонија и современата јазична состојба, та затоа Македонците не се обврзани во СМСЈ да прават поголеми отстапки во полза на традиционалната словенска писменот. Мисирков исто така се повикува на фактот дека фонетскиот принцип на пишување почнува во Македонија да се применува уште во втората половина на XIX век. Исто така, Мисирков не е задоволен од писмената активност во XIX век. Тој мисли дека тогаш, дури и кога се пишувало на современ јазик, тоа не било осмислено, туку повеќе спонтано. Мисирков со право се повикува на фактот дека современиот писмен јазик е најјасно изразен во текстовите на народната поезија и проза во XIX век. Меѓутоа, сосема правилно, Мисирков ја искажува и потребата од забрзан развој на македонските културни институции во секој поглед, како и потребата македонскиот јазик да го издигне својот статус на рамниште на службен јазик.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *