• Thu. May 16th, 2024

144 кражби во Југоистокот во првите четири месеци од годината

Сите врати и прозорци да бидат добро затворени, лизачките врати обезбедени, вратата од гаражата заклучена, а домот никогаш да не изгледа како да е празен и слободен. Ова се само дел од препораките кои полицијата ги дава на граѓаните, за да помогнат во заштитата на домот и објектите да не станат цел на крадците.

Во првите четири месеци од годинава во Југоистокот се случиле 144 тешки кражби што е зголемување во споредба со истиот период лани кога имало 112.

Од струмичката полиција велат дека бележат позитивни резултати кога станува збор за откиравњето на крадците. Домовите остануваат најчеста мета на криминалците.

Рендевска додава, дека продолжуваат со проактивниот пристап и запознавање на граѓаните со начините како може да им го отежнат патот на арамиите до нивната цел.

Освен тешки кражби, во овој четиримесечен период во Југоистокот имало и 53 кражби, што е намалување во споредба со истиот период лани кога имало 79.

 

 

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *