• Tue. May 28th, 2024

1.968 земјоделци од: Гевгелија, Богданци и Дојран аплицирале за субвенции

 1.968 земојделски производителиво општините: Гевгелија, Богданци и Дојран аплицирале на повикот од  Mинистерството за земојделсто, шумарство и водостопанство за субвенции за Програмата за директни плаќања за 2020 година. Оваа година, значително е зголемен бројот на апликации во однос на минатата. Минатата година аплицирале 1866 земјоделски производители на ниво на општините: Гевгелија, Богданци и Дојран, информираа од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство- ПЕ Гевгелија.               На ниво на територија на Република Северна Македонија, поднесени се вкупно 65.554 земјоделци. Подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во соработка со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, и оваа година успешно го реализираа процесот за поднесување на барањата. Во следниот период следува обработка на пристигнатите барања за субвенции и исплата на субвенции според предвидените рокови во Програмата за директни плаќања за 2020 година.               Аплицирањето за субвенциите се одвиваше електронски. Но, дел од земјоделци кои не можеа сами да аплицираат и оваа година како и минатите тоа го сторија со помош од вработените во Подрачните единици на МЗШВ.               Конкурсот траеше до 31 јули, 2020 година. Во овој период се поднесуваа барања за субвенции за растително производство и тоа за полјоделски и градинарски култури, лозови и овошни насади, за сточарско производство, односно оние земјоделци кои одгледуваат говеда, овци, кози, пчели свињи, за финансиска поддршка за заклани животни во кланица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *