• Tue. May 14th, 2024

Ќе се намали ДДВ за повеќе услуги: Повисок праг за обврзниците на овој данок

Владата ќе обезбеди 300 милиони евра финансиска поддршка за домашни и странски инвестиции, а секоја година поддршката ќе се зголемува за 25 проценти. Дел од владината програма која се однесува на економскиот сектор објави денеска Министерството за финансии. Во обајават на социјалните мрежи стојат некои од обврските на кои се обврза државата

„Oслободување од данок на добивка при реинвестирање во 2021 година, намалување на персоналниот данок за доход за ИТ индустријата до 0 проценти во 2023 година, данокот на личен доход останува 10 проценти, но преку инклузивен процес на разговори да се воведе прогресија, стои во објавата.

За Данокот на додадена вредност се планира единствена стапка од 10 проценти ДДВ за сите ресторански услуги, ревидирање на стапките на ДДВ за суровините за домашните производители, намалување на стапката на ДДВ за земјоделските производители, намалување на стапката на ДДВ за суровините за извозно ориентираните компании; намалување на стапката на ДДВ од 18 проценти на 5 отсто за занаетчиски услуги;

подигнување на прагот за ДДВ-обврзник од 2 на 3 милиони денари годишен промет од 2022 година. Се планира и намалување на парафискалните давачки до 75 отсто во следните четири години.

„Целта е на долг рок е да се стремиме кон создавање на побрз, поинклузивен и оддржлив економски раст, што ќе се базира на зајакнување на човечкиот капитал, иновации, зголемување на конкурентноста на економијата и подробрување на животниот стандрад на граѓаните во дигитализирана економија и пријателска во однос на животната средина и квалитет на живот. Повеќе даночни поволности и поголема финансиска поддршка на компаниите се цели и приоритети на Министерството за финансии во следните четири годин, велат од финансии. 

извор:http://faktor.mk

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *