• Tue. May 21st, 2024

Ќе се врши регулација на речното корито во Сушица во Радовиш

ByВане Трајков

Apr 24, 2020

Деновиве беше ставен во работа градежната фирма која во рок од една година треба да изврши  уредување и регулација  на коритото на река Сушица во Радовиш. Станува збор за активности преку проектот „Заеднички мерки за спречување и намалување на последиците од катастрофи во општините Сандански и Радовиш“, финансиран од ЕУ преку Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија. 

,,Со овој проект за прекугранична соработка една од главните активности е уредувањето на коритото на река Сушица во должина од 624 метри со што ќе се реконструира најкритичниот дел од реката кој прави големи проблеми при надоаѓање на водите, рече Жулиета Ѓуркова, директорка на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион

Со реализација на проект вреден околу 320 илјади евреа е планирано  да се изврши чистење на коритото, поставување на каскадни прагови, кејски ѕид, уредување на дното, градење скали и рампи со цел да се создаде пристап до реката и да се намалат негативните последици од поплавите, како и подигање на јавната свест кај населението со вклучување на најмладите преку акција за садење дрвја и пошумување на речниот слив.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *