• Mon. May 13th, 2024

Ќе има ли нов скок на цените на горивата денес?

Ќе има ли нов скок на цените на горивата денес?

Ќе пораснат ли и денеска цените на нафтените деривати? Одлуката на РКЕ ќе ја дознаеме напладне.

Имено, минатата недела горивата поскапеа, бензините забележаа скок на цената за половина денар а цената на еуродизелот се зголеми за 3 денари за литар.

Цената на екстра лесното масло за домаќинство ЕЛ-1 се зголеми за 13,50 денари за литар, а на мазутот М-1 остана непроменета.Минатата недела, цените поскапеа двапати, откако пратениците во Собранието ги усвоија измените на Законот за акцизи, Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги изврши измена на Одлуката од 5.04.2021 година со која се утврдени највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *