Спорт

Јокич ја спаси Струмица од пораз во драматична завршница со Пелистер

Драматична завршница на мирниот натпревар Струмица- Пелистер во спортската сала Парк. Петар Јокич беше јунакот на средбата, кој во последните секунди постигна  тројка за струмичани за конечна победа од 66:64 и радост кај публиката. 

Битолски Пелистер се покажа како незгоден противник. Во последната четвртина ја анулираа предноста на избраниците на Петар Настев од 11 поени за да во финишот имаат и поен предност пред последниот напад на струмичани ( 63:64).   Домакините се мачеа да дојдат до кошот на Пелистер за да во последната секунда од нападот, Петар Јокич од тешка ситуација, од свртување постигна тројка што беше шок за гостите кои пак не ги искористија последните  секунди од средбата за нов пресврт.

Со ова победа Струмица со 5 победи и 7 порази ќе биде пред Пелистер во Плеј аут лигата која ке одлучи кој ќе го напушти прволгиашкото натпшреварување.

Снимка од натпреварот Струмица- Пелистер во недела на програмата на Канал ВИС со почеток во 17,30

Препорачуваме:

КУП- Пандевци ја шокираа Македонија ЃП, Турново лесно против Љуботен

Ване Трајков

Голманот на Турново Стоилков за Македонски спорт – Добар сум почнав да се движам !

Ване Трајков

ОК Струмица со победа го започна новиот шампионат