• Mon. May 20th, 2024

Јапонија ќе прогласи вонредна состојба во траење од шест месеци

 

 

Јапонија ќе прогласи вонредна состојба во обид да го спречи ширењето на коронавирусот, објавија локалните медиуми, според кои владата подготвува стимулативен пакет за ублажување на ударите врз економијата која веќе се бори да избегне рецесија.

Повеќе од 3.500 луѓе се позитивни за коронавирусот во Јапонија, а 85 починале, што е многу помалку во споредба со другите земји во светот, но бројките сепак се зголемуваат и ситуацијата е особено алармантна во Токио, каде има повеќе од 1.000 случаи, пренесува „Ројтерс“.

Премиерот Шинзо Абе најверојатно ќе го објави својот план за вонредни состојби во текот на денов, објави весникот „Јомиури“, додека новинската агенција „Кјодо“ соопшти дека новите мерки веројатно ќе стапат на сила во среда.

Воведувањето вонредна состојба ќе им овозможи на гувернерите да ги повикаат луѓето да останат дома, претпријатијата ќе се затворат, но тие не би можеле да воведат изолација како во другите држави. Во повеќето случаи, нема казни за игнорирање на барањата на властите, а спроведувањето на овие мерки ќе се потпира повеќе на притисокот на заедницата и почитување на надлежните органи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *