• Fri. May 17th, 2024

Јануарската пензија ќе биде повисока за процентот на инфлација

By

Jan 17, 2022

Според постојниот Закон за пензиско и инвалидско осигурување пензиите се усогласуваат два пати годишно – на 1 јануари и на 1 јули, според индескот на трошоците на живот. Министертвото за труд се уште не го објави зголемувањето, веројатно поради промените во Владата, но според Законот, пензиите ќе се зголемат колку што е растот на инфлацијата во второто полугодие од 2021 година во однос на првото полугодие од 2021 година.

Последното зголемување беше направено лани во јуни, кога се споредуваше инфлацијата од првите 6 месеци од годината со последните 6 месеци од 2020 година, што доведе до повисоки пензии за 1,2 проценти. Притоа, зголемувањето на пензијата во номинална вредност изнесувше 188 денари на ниво на просечна пензија и 125 денари на ниво на најниска пензија.

извор:https://www.slobodenpecat.mk/januarskata-penzija-kje-bide-povisoka-za-procentot-na-inflacija/

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *